Македонското чудо од дете освои златен медал на Германската математичка олимпијада со чиста 10-ка

Нетпрес

27/12/2025

17:02

1.198

Големина на фонт

а а а

Македонското чудо од дете, Македон Димитровски, уште еднаш ја воодушеви јавноста со својот извонреден успех на меѓународната сцена. Младиот талент освои златен медал на Германската математичка олимпијада, натпревар на кој учествуваат најдобрите млади математичари од повеќе земји.

Со овој врвен резултат, младиот Македон не само што се искачи на највисокото победничко скалило, туку и се квалификуваше за супер финалето, кое ќе се одржи во месец мај во Франкфурт.


Успехот претставува големо признание за неговиот исклучителен талент, посветеност и љубов кон математиката, но и значајна промоција на Македонија на светската образовна мапа. Постигнатиот резултат е доказ дека и од нашата земја доаѓаат млади умови кои рамноправно се натпреваруваат со светската елита.


Овој успех влева надеж и инспирација за многу млади ученици, покажувајќи дека со труд, знаење и упорност, границите не постојат.

Македон постигна исклучителен успех освојувајќи златен медал на Германската математичка олимпијада успехот е уште...

Posted by Vladimir Makedon Dimitrovski on Friday, December 26, 2025