На археолошкиот локалитет Хирканија во Јудејската пустина, околу 17 километри југоисточно од Ерусалим, на територијата на денешниот Западен Брег, пронајдени се две златни монети и прстен од византискиот период, стари меѓу 4. и 7. век, соопшти Одделението за археологија при Цивилната управа на „COGAT“ при Министерството за одбрана, која управува со цивилните работи на Западниот Брег.
На едната страна од паричката има крстови, а на другата – портрет на византискиот цар Ираклиј, кој владеел меѓу 610 и 641 година од нашата ера, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Откритието беше објавено вчера, на Бадник според грегоријанскиот календар, но во соопштението не е прецизирано кога артефактите првпат биле откриени.

Манастирот Хирканија бил напуштен кон крајот на 8. или почетокот на 9. век од нашата ера.
Тековните ископувања ги води Единицата за археологија во соработка со Хебрејскиот универзитет во Ерусалим.
„Наодите откриени во Хирбет Хирканија го одразуваат важното поглавје од византискиот период и ранохристијанската традиција во регионот“, изјавил шефот на Единицата за археологија во Цивилната управа, Бенјамин Хар-Евен.







