Гудељ привлече внимание со својата објава, коментарот од Белингам собра најмногу лајкови

Дерби

25/12/2025

11:09

331

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид ја заврши годината со победа против Севилја на домашен терен, но конечните 2:0 дефинитивно не го отсликаа тоа што се случуваше на теренот.

Гостите од Андалузија прикажаа одличен фудбал и заслужија да останат непоразени на „Сантијаго Бернабеу“, но на крајот мораа да се помират со пораз пред двонеделната пауза.

Играчите на Севилја веќе ги користат слободните денови по повод Божиќ, а доста внимание а социјалните мрежи привлече една објава на Немања Гудељ, искусниот дефанзивец на Севилја.

Србинот избра неколку слики за да ја комплетира својата објава, со тоа што една посебно му го задржа фокусот и на Џуд Белингам.

– Добра прегратка брате….., – му порача Џуд на Гудељ, по што Србинот одговори.

– Малку се занесов брате…