Милер посочи што ќе биде клучно за развојот на новата ѕвезда на Баерн: Тоа ќе пресуди дали е светска класа

Дерби

25/12/2025

10:42

185

Големина на фонт

а а а

Ленарт Карл го сврте вниманието на себе со своите изданија во дресот на Баерн Минхен и веќе испиша историја како најмлад играч кој се запишал во листата на стрелците на три последователни натпревари во Лигата на шампиони, успех кој го комплетираше со постигнат гол во мрежата на Спортинг Лисабон.

Талентираниот германски фудбалер беше голем анонимус за светската јавност до пред само неколку месеци, но во период кога фудбалски експлодираше на најпозната сцена, Карл почна да биде споредуван со многу врвни имиња од минатото.

Германските медиуми веќе му проектираат светла иднина исполнета со многу успеси, но Томас Милер предупредува дека премногу е рано да се извлекуваат заклучоци.

Легендата на Баерн вели дека Ленарт навистина е посебен талент, но една раобта ќе пресуди дали ќе прерасне во светска класа.

– Шут техниката на Ленарт веќе е извонредна, има многу добра завршница и тоа е веќе големо оружје во неговата игра. Ако играте во нападот на Баерн и ако сте енергичен и агилен, треба да очекувате да се најдете во ситуации за постигнување гол.

– Неговите голови не се случајност, тој апсолутно поседува квалитет за да завршува акции, но треба да го задржи ова ниво и во иднина да напредува. Прашањето кое ќе ја одреди неговата е иднина е следно: Колку често ќе се наоѓа во ситуации за гол, дали може самиот да ги создаде, или дали може да го натера тимот да создаде за него? Ќе дадам пример со еден наш стар пријател од Баерн. Лукас Подолски испраќаше „бомби“ кога ќе се наместеше на левата нога, но во споредба со најдобрите играчи во светот, тој не влегуваше доволно често во позиции да шутира од изгледна позиција. Тоа е она што ја прави разликата на највисоко ниво, – потенцира Милер.