Со НЛБ Банка сега можеш сè! - Сите банкарски услуги во твојот телефон

Точка

24/12/2025

16:00

296

Големина на фонт

а а а

НЛБ Банка ја заокружува јубилејната година со најголемиот исчекор во дигитализацијата на своите услуги и официјално станува првата „mobile first“ банка на пазарот, овозможувајќи сеопфатно дигитално искуство преку мобилен телефон.

Со пораката Што ако можеш сè?, во изминатава година, НЛБ Банка ја градеше својата позиција на поддршка на амбициите и можностите на клиентите. Денес, таа порака ја добива својата најсилна завршница. Сега можеш сè! е слоганот кој ја затвора јубилејната година за НЛБ Банка и јасно кажува дека ветувањето е целосно исполнето.

Поставувајќи нови стандарди и редефинирајќи го банкарството на македонскиот пазар, НЛБ станува првата банка на пазарот чија дигитална платформа за физички лица овозможува банкарство „од почеток до крај“ и во која сите банкарски услуги се достапни преку мобилниот телефон.

Сега клиентите, преку мобилниот телефон, можат да отворат и банкарска сметка. По активирање на мобилното банкарство, веднаш да ја добијат својата платежна картичка во дигитална форма, да ја додадат во дигитален паричник и да ја користат за плаќање на ПОС терминали, онлајн, како и за подигнување на готовина од банкомати.


Преку својот мобилен телефон, клиентите можат да отворат и депозит, да активираат дозволено пречекорување, да аплицираат за добивање на картичка или да зголемат лимит на истата, да аплицираат за кредит. Практично, да управуваат со сите свои финансии, со исклучителна удобност и флексибилност.

„Со воведувањето на „mobile first“, ја заокружуваме јубилејната година и логично го надградуваме слоганот „Што ако можеш сè?“ со неговата финална и најконкретна форма – „Сега можеш сè“. Ова не е само комуникациска порака, туку резултат на континуирана стратешка трансформација насочена кон дигитализација, ефикасност и подобрено корисничко искуство.“– истакнуваат од НЛБ Банка.

Со оваа трансформација, НЛБ за своите клиенти-физички лица, веќе нуди комплетен спектар на банкарски производи и услуги 100% дигитално, елиминирајќи ја потребата од посета на експозитура.

„Како прва банка на пазарот што овозможува целосно дигитален пристап до сите клучни банкарски производи и услуги, ја потврдуваме нашата заложба да бидеме банка- иноватор, и да им обезбедиме на клиентите сигурно, едноставно и достапно банкарство, целосно усогласено со современиот начин на живот.“ – заклучуваат од Банката.

Комерцијален текст