Новогодишната елка под вода ја поставиле нуркачи од нуркачкиот центар „Амфора“ во соработка со Здружението за ретки болести и со поддршка на волонтерите на Црвениот Крст од Охрид.
Елката ја поставиле кај Заливот на Коските - Музеј на вода во Охридското Езеро - традиција која трае повеќе од 20 години и симболично го означува почетокот на новогодишните и божиќните празници, а организаторите нагласија дека празничната акција е посветена на децата кои страдаат од ретки болести.



„Оваа иницијатива е посветена на децата со ретки болести, мали херои кои нè учат на сила, надеж и љубов секој ден. Нека празничниот дух допре до секое срце и донесе здравје, топлина и поддршка таму каде што е најпотребно“, порачаа организаторите.







