Уништени 22,3 тони киви со ларви, увезени од Србија

Нетпрес

21/12/2025

09:29

393

Големина на фонт

а а а

Агенцијата за храна и ветеринарство уништи 22.340 килограми киви со ларви и инсекти наменети за преработка – увоз од Србија.

„Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на киви наменети за индустриска преработка.

Станува збор за 22.340 килограми од овој вид овошје, увоз од Република Србија, за која пратка, со органолептички преглед од страна на инспектор за храна, утврдено е дека истата не е безбедна за увоз и за понатамошна преработка.

На увозникот издадено му е решение со наредба за нештетно уништување на спорните количини киви, по добиеното известување од негова страна дека пратката не може да се врати во земјата извозник“, соопштија од АХВ.