ФФМ со честитка за Шкендија: Значаен придонес за промоција на македонскиот клупски фудбал во Европа

Дерби

19/12/2025

12:59

161

Големина на фонт

а а а

Пласманот на Шкендија во нокаут фазата на Конференциската лига значи најголем клупски успех на тетовскиот клуб, но и историски пласман во овој дел од европската сезона за било кој македонски состав.

Шкендија ќе го очекува својот противник во следната фаза откако за такво нешто се избори со солиден пласман во лигашката фаза на Конференциската лига, а денеска доби заслужена честитка и од Фудбалската федерација на Македонија и нејзиниот претседател Масар Омерагиќ.

– Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Масар Омерагиќ упатуваат искрени честитки до ФК Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од УЕФА Лигата на конференции.

– Успехот на Шкендија е резултат на професионалниот пристап, тимскиот дух и амбицијата за докажување на меѓународната сцена, а воедно претставува и значаен придонес за промоција на македонскиот клупски фудбал во Европа.

– Со надеж за уште поголеми успеси, им посакуваме на фудбалерите и стручниот штаб на Шкендија квалитетни настапи и достојно претставување во продолжението од европските натпревари, – стои во пораката на ФФМ.

Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Masar Omeragić упатуваат искрени честитки до KF Shkëndija за...

Posted by Фудбалска Репрезентација на Македонија on Friday, December 19, 2025

Инаку, Шкендија ќе го дознае својот противник на 16. јануари, за кога УЕФА ја закажа ждрепката.

Македонскиот претставник може да игра против Самсунспор од Турција или Лех од Полска, а доколку Шкендија обезбеди осминафинале, ќе се соочи со Рајо Валјекано или Шахтјор.