Никола Јокиќ уште еднаш беше лидер на Денвер во победа на оваа екипа во НБА лигата, а во триумфот над Орландо, српскиот центар испиша и историја во американската професионална лига.
Јокиќ стана центар со најмногу асистенции, надминувајќи го досегашниот рекорд Карим Абдул-Џабар и најавувајќи дека во продолжение од кариерата ќе изгенерира бројка која ќе биде тешко достижна за следните генерации.
Ѕвездата на Денвер го заврши натпреварот со 23 поени, 13 асистенции и 11 скокови, а за време на натпреварот го собори рекордот на НБА легендата кој изнесуваше 5660 асистенции во кариерата.
Officially the best passing big EVER pic.twitter.com/c4fA62NJ7m
— Denver Nuggets (@nuggets) December 19, 2025
Денвер победи со 126:115, продолжувајќи ја позитивната серија со која стигна до второто место во западната конференција.







