Измамил граѓанин за над 370. 000 денари: Кумановец се претставил како вработен во туристичка агенција

Макфакс

18/12/2025

13:55

336

Големина на фонт

а а а

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б.(33) од Куманово.

Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.

Пријавениот, се претставил како вработен во туристичка агенција во Куманово и со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно лице за резервација за летување за две семејства во Р.Турција, во износ од 373. 890 денари.