[ВИДЕО] Мис Универзум, Фатима Бош одбила да се симне од бината за време на прославата во Мексико: Обезбедувањето било принудено да реагира

Точка

17/12/2025

09:23

453

Големина на фонт

а а а

Новата Мис Универзум 2025, Фатима Бош, се најде во центарот на вниманието по несекојдневниот момент што се случил за време на прославата на нејзината победа во родното Мексико.

Имено за време на свечената програма, откако музиката престанала, Бош продолжила да танцува и да ја забавува публиката одбивајќи да ја напушти бината. Иако програмата морала да биде продолжена, Бош не покажувала намера да се повлече, па на крајот еден од членовите на нејзиниот тим бил принуден  да ја отстрани од бината.

Таа со насмевка продолжила да танцува, да ѝ мавта на публиката и да се смее, додека присутните реагирале со аплаузи и скандирање. Снимката од настанот брзо се проширила на социјалните мрежи и предизвикала бројни коментари.


„Каде исчезна нејзината елеганција“, „Дали била пијана?“, „Изгледа како кралица на карневали“, „Круната може да се купи но елеганцијата не“, „Зарем навистина мислела дека може вака да се однесува без последици“, биле само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Потсетуваме, по победата на 74-то издание на изборот за Мис Универзум, одржано во Тајланд, Бош беше мета на обвинувања од страна на еден од судиите, кој тврдел дека мексиканската натпреварувачка била фаворизирана.

И покрај тоа, Бош јасно порачала дека зад нејзината победа стојат долготрајна работа, сериозни подготовки и дисциплина, нагласувајќи дека титулата заслужено ја освоила.