[ФОТО] Двајца уапсени, запленети 272 парчиња разновидна брендирана стока, 174 парчиња разновиден рачен алат без документација

Макфакс

15/12/2025

08:50

850

Големина на фонт

а а а

Вчера на автопат Табановце-Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ во два одвоени настани ги лишија од слобода Б.И (38) од Куманово и Б.С (41) од Скопје.

Полициските службеници прво сопреле патничко возило “Голф” со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.И. и при преглед на возилото пронајдени се 272 парчиња разновидна брендирана стока, без документација. Стоката е одземена, а лицето е лишено од слобода.


Во вториот настан, полициските службеници сопреле патничко возило “мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. и при преглед на возилото биле пронајдени 174 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација. Возилото и алатот се одземени, а лицето е лишено од слобода.


По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.