[ВИДЕО] Поранешен директор егзекутиран во Кина поради примање мито

Макфакс

10/12/2025

08:39

376

Големина на фонт

а а а

Во Кина, Баи Тианхуи, поранешниот извршен директор на компанијата за управување со финансиски средства „Чајна Хуаронг Интернешнл Холдингс Лтд.“, е погубен откако беше осуден за примање мито во вредност од 156 милиони долари.

Погубувањето е извршено во општината Тјанџин во северна Кина по одобрување од Врховниот народен суд, според државната новинска агенција „Синхуа“.

Пресуда и казна

Со пресудата донесена во мај 2024 година, Баи е осуден на смрт, одземени му се политичките права доживотно, наредена е конфискација на неговиот личен имот и наредено е сите негови нелегално стекнати добивки да бидат вратени и префрлени во државната каса.

Баи се жалеше на пресудата, но Вишиот народен суд во Тјанџин ја отфрли неговата жалба во февруари оваа година.

Детали за злосторството

По прегледот, Врховниот народен суд утврди дека Баи ја злоупотребил својата позиција помеѓу 2014 и 2018 година за нелегално да прими мито во вкупен износ од 1,108 милијарди јуани (речиси 157 милиони долари).

Врховниот народен суд пресуди дека злосторствата на Баи се особено сериозни и ја потврди пресудата на Вишиот народен суд во Тјанџин со која се потврдува смртната казна.

На Баи му беше дозволено да се сретне со своите роднини пред неговата егзекуција.