[ВИДЕО] Храбра акција: Кавадаречки пожарникари спасија куче од Луда Мара

A1ON.MK

08/12/2025

14:24

477

Големина на фонт

а а а

Куче било спасено синоќа од страна на пожарникарите, од водите на реката Луда Мара во Кавадарци. Член на Здружение за заштита на животните ја извести Противпожарната служба која веднаш излезе на терен и го спаси кучето.

– Во речното корито на Луда Мара било забележано куче – мокро, исплашено и целосно беспомошно. Член на Здружението „Лина спаси живот – добиј живот, спас за животните“ веднаш реагирал и ја известил противпожарната служба каде на терен пожарникарите со брза и професионална акција го извлекле од водата, информираа од од Кабинетот на градначалникот на Кавадарци.

Вечерва во речното корито на Луда Мара било забележано куче – мокро, исплашено и целосно беспомошно. Член на Здружението...

Posted by Митко Јанчев on Sunday, December 7, 2025

Кучето e пренесено во стационар каде ќе му биде обезбедена соодветна нега и помош доколку е потребно.

– Голема благодарност за храброста, вниманието и љубовта кон животните. Хуманите дела зборуваат најгласно, заедно спасуваме животи, стои во објавата споделена на Фејсбук страницата на градоначалникот.