Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии

Макфакс

01/12/2025

18:40

103

Големина на фонт

а а а

На 27.11.2025 АХВ заедно со службени лица од ИЈЗ направи вонредна контрола во 9 основни училишта во рамките на општина Карпош.

Од секое училиште беа земени мостри од храна како и брисеви од работни површини од кујните во училиштата.

По направените анализи во испитуваните примероци не се докажани патогени бактерии.

Освен во едно од училиштата каде на 2 површини е докажано присуство на ентеробактерии, што е индикатор на недоволна хигиена.

ИЈЗ ќе предложи иницијатива што ќе значи дополнителни промени во Националната годишна програма за јавно здравје, одредени правилници, законски и подзаконски акти, кои се во насока на подобра хигиена во училиштата, градинките, како и побезбедна храна, вода во истите што ќе значи унапредување на теми поврзани со јавното здравје.