Приведен жител на Таринци, кој искршил инвентар во болницата во Штип по смртта на татко му

Макфакс

28/11/2025

13:46

272

Големина на фонт

а а а

Вчера, по полноќ, полициски службеници од Штип го приведоа 29-годишниот Ј.А. од селото Таринци, општина Карбинци, во Клиничката болница во Штип.

Претходно, во болницата бил донесен неговиот татко В.А. (54), кој, и покрај укажаната лекарска помош, починал. Кога Ј.А. пристигнал во установата и бил информиран од медицинскиот персонал дека татко му починал, тој се однесувал агресивно кон персоналот и искршил стакла и делови од болничкиот инвентар, соопшти МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител, по чии насоки телото на починатиот е предадено на обдукција.

По целосно документирање на случајот, против Ј.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.