Кличко: Попуштање пред Путин

Макфакс

26/11/2025

21:03

319

Големина на фонт

а а а

Обидите да се изврши притисок врз Украина и да се присили да се согласи со руските услови одат рака под рака со плановите на рускиот претседател Владимир Путин за војна против европските земји, изјави денес градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

„Обидите да се изврши притисок врз Украина и да се присили да се согласи со руските услови се соучесници во плановите на Путин за војна против европските земји. Русија конечно мора да биде лишена од можноста да го уценува демократскиот свет и да ја загрозува неговата безбедност“, рече Кличко за време на онлајн состанокот на Европската народна партија (ЕПП), кој се одржа на иницијатива на претседателот на таа партија, Манфред Вебер, пренесува РБК Украина.

Тој нагласи дека европските партнери треба активно да учествуваат во дискусијата за „мировниот план“, кој, како што изјави, треба да се базира на принципите на територијален интегритет, суверенитет, сигурни гаранции за безбедност и правото на Украина сама да ја одреди својата иднина.

„Нагласив дека Европа треба активно да учествува во дискусијата за мировниот план. И тој план треба да се базира на принципи како што се: територијален интегритет на Украина, нејзин суверенитет и право да ја одреди својата иднина, сигурни безбедносни гаранции. Ова се принципиелни прашања! Бидејќи зборуваме за иднината не само на Украина, туку и за идниот безбедносен систем и стабилен развој на цела Европа“, заклучи Кличко.