Пеп Гвардиола беше прилично бесен по поразот кој го претрпе Манчестер Сити на северот во Англија, па покрај тоа што влезе во вербална комуникација со камерманот, влезе во расправија и со двајца играчи на Њукасл.
Менаџерот на „граѓаните“ најпрво се расправаше со Жоелинтон кој беше оттргнат од претставниците на Њукасл, но имаше свои забелешки и за Бруно Гимараеш со кого имаа подолга конверзација.
– Се е во ред со Бруно, се е во ред. Му кажав само колку е добар како фудбалер. Исто така, го прашав што се случи во мешаницата која ја имаа со Донарума. Се е во ред, тоа е дел од фудбалот, – изјави Гвардиола.
😠 Joelinton ushered away from Man City aggro and…
— Craig Hope (@CraigHope_DM) November 22, 2025
🗣️ Bruno Guimaraes & Pep Guardiola (heated) exchange #nufc #mcfc pic.twitter.com/ENwqhjncLK
Шпанскиот стручњак беше очигледно фрустриран што неговиот тим не ја продолжи позитивната форма, па сега ќе треба да го чека исходот од големото дерби на Северен Лондон, во кое силите ќе ги одмерат Арсенал и Тотенхем.
Сити остана на 22 бода со вчерашниот пораз, па Арсенал има шанса да отиде на „плус седум“ со победа над Тотенхем.







