Работник на „Комунална хигиена“ нападнат од колега додека бил на должност во Карпош

Макфакс

21/11/2025

13:44

136

Големина на фонт

а а а

Работник на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје пријавил дека бил физички нападнат од свој колега додека извршувал работни задачи на подрачјето на општина Карпош, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата, инцидентот се случил вчера околу 16 часот, кога врз него физички напад извршил неговиот колега А.Н. (35) од селото Грчец, при што бил употребен и тврд предмет.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.