Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека земјата се соочува со катастрофа поради падот на наталитетот, пренесе „Анадолија“. На симпозиум во Анкара, тој предупреди на сè поголемите предизвици за семејството и повтори дека Турција ќе преземе мерки против, како што наведе, обидите за бришење на родовите разлики и движењата како ЛГБТ.
Ердоган посочи дека демографската криза е сериозна, наведувајќи дека стапката на фертилитет се намалила од 2,38 деца по жена во 2001 година на 1,48 во 2025 година — пониско од Франција, Велика Британија и САД.
Тој порача дека намалениот наталитет е силно предупредување за иднината на Турција и дека никој што се грижи за судбината на земјата не смее да остане рамнодушен.







