Кубик исцепени дрва за 8.000 денари – колку се исплати?

Денар

16/11/2025

17:02

1.264

Големина на фонт

а а а

Со првите студени утра, почнува и сезоната на тропкање со секира по дворовите. Дрвата за огрев се повторно меѓу најбараните производи, а оние што се продаваат „ем сечени, ем цепени“ полека стануваат новата комфорна навика на многумина.

Особено кај пензионерите, кои сè потешко се справуваат со физичката работа околу подготовката на дрвата, овој вид услуга е повеќе од олеснување – вистински спас во зима.

На стовариштата во Скопје, најмногу во населбите на периферијата, понудата е разновидна, но дрвото од даб и понатаму е апсолутен фаворит.


„Овие дрва се сечени на должина од триесет сантиметри и убаво исцепени, само ги товараш и ги носиш дома. Не мора човек ни секира да вади ,“ вели еден сопственик на стовариште во Ѓорче Петров, потпирајќи се на фактот дека луѓето сè повеќе сакаат готова работа.

Цената за кубик, вели тој, изнесува 8.000 денари, што иако не е малку, сепак се смета за прифатливо со оглед на трудот што се заштедува.

Според познавачите на пазарот на огрев, ваквиот тренд не е случаен.

Порано, велат тие, луѓето купуваа „во трупци“ и потоа сами сечеа, но сега времињата се сменија.

„Старите се изморија, а младите или се во странство или немаат време ни знаење да цепат дрва. Така што, нормално е пазарот да се прилагоди на новата реалност“, коментираат трговци кои веќе неколку години ја следат динамиката на продажбата.


Интересно е што дел од граѓаните велат дека купуваат помалку дрва, но со поголем квалитет.

„Подобро е да платам малку повеќе и да не се мачам“, споделува жителка од Волково, која признава дека порано сама ги цепела дрвата, но сега веќе нема сила за тоа.

Во меѓувреме, експертите за енергетска ефикасност предупредуваат дека огревното дрво останува најчест избор за греење во домаќинствата, иако не секогаш е најисплатливо решение.


Целиот текст прочитајте го ОВДЕ.