[ФОТО] Уништени 37 тони храна со поминат рок, изречени парични казни и забрани за вршење на дејност

Нетпрес

09/11/2025

12:00

1.235

Големина на фонт

а а а

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава, при спроведена вонредна контрола кај оператор со храна, запленија и нештетно уништија приближно 37 тони храна, јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи и разни зачини, без декларации и на кои рокот на употреба им бил истечен од една до две години.

За сторениот прекршок на операторот, изречена му е мерка времена забрана за работа и глоба, како и наредба за отстранување на утврдените недоследности со надзорот.


АХВ неделава спроведе вонредни контроли и кај други оператори со храна – месарници, ресторани, сендвичарници, маркети, за што заради утврдени недоследности (нерегистрирани оператори со храна, неспроведени задолжителени обуки на вработените за безбедност на храната, пуштање во промет на небезбедна храна и слично), на операторите со храна и на нивните одговорни лица им изрече парични казни, но и времени забрани за вршење на дејност.


Издадени беа и наредби за отстранување на утврдените недостатоци со контролите, а затекнатата небезбедна храна беше нештетно уништенa.