Ѓорѓиевски го презеде раководењето со Градот: Од вечерва во 20.30 часот почнува големата акција за чистење на Скопје

Макфакс

06/11/2025

13:11

2.481

Големина на фонт

а а а

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва почнува акцијата за чистење на градот.

„Официјално – од денес Скопје испишува нова страница во својата историја

Денешното уверение е симбол на довербата што ми ја дадоа граѓаните на Скопје.

Но, истовремено е и голема обврска да работам одговорно, посветено и силно, со јасна визија, конкретни резултати и многу дела.

Благодарен сум за секоја поддршка, за секој скопјанец што препозна искреност, посветеност и дела зад зборовите“, објави тој.

✌️Официјално - од денес Скопје испишува нова страница во својата историја

✔️ Денешното уверение е симбол на довербата...

Posted by Орце Ѓорѓиевски - Orce Gjorgjievski on Thursday, November 6, 2025

Ќе бидам градоначалник на сите, најави Ѓорѓиевски, без разлика на верска, национална, партиска или каква било припадност.

„За мене, поделбите не постојат – она што е моја водилка е обезбедување подобра иднина и достоинствен живот за сите.

И тука нема да се штедам. Го имате мојот збор!

Скопје, почитувани, го менуваме од корен!

Уште од вечерва, во 20.30 часот, почнуваме со првата голема акција, а тоа е за 72 часа да го исчистиме Скопје, токму како што ветив.

А утре почнуваме со темелна реорганизација на јавните претпријатија и нормализирање на состојбите во нив за градот, конечно, да функционира како што скопјани заслужуваат. Скопје ќе добие и нови проекти, а некои од нив ги почнуваме во наредните денови – инвестиции во инфраструктурата, образованието, спортот, животната средината, но ја враќаме и транспарентноста – Скопје, конечно, ќе биде отворен град“.