Бројот на жртви од катастрофалните поплави предизвикани од еден од најсилните тајфуни оваа година во централните Филипини се искачи на најмалку 114, потврдија властите во четврток.
Тајфунот Калмаеги го погоди регионот, поплавувајќи цели градови и села, а островот Себу е најтешко погоден, објави Би-би-си.
Себу, најнаселениот остров во регионот, регистрираше 71 смртен случај, 127 лица се водат како исчезнати и 82 повредени. Властите на Себу објавија дополнителни 28 смртни случаи кои не се вклучени во официјалниот национален број на жртви.
Повеќето од жртвите се удавија откако бурата предизвика порои од каллива вода што се спуштија по ридовите.
UPDATE: TYPHOON TINO
— Chyno News (@ChynoNews) November 5, 2025
Typhoon Kalmaegi (TINO) inflicted widespread devastation in the Phillipines.
Over 65 fatalities have been reported, and dozens of people are still missing.
Entire towns were induated by the powerful typhoon, leaving thousands displaced. pic.twitter.com/qqwSvavjib
Официјалниот број на жртви вклучува и шест члена на екипажот на воениот хеликоптер што се урна на островот Минданао додека леташе за да им помогне на спасувачките екипи во вторникот.
Штетата е огромна – многу згради се однесени, а повлекувачките води оставија зад себе дебели слоеви кал. Локалните власти го опишаа уништувањето како „незапамтено“.
Националната агенција за катастрофи соопшти дека повеќе од 400.000 луѓе се раселени на Себу, остров со 2,5 милиони жители.

Калмеги се зајакнува, му се заканува на Виетнам
Тајфунот го напушти подрачјето на Филипините рано во четврток наутро и оттогаш се засили, со ветрови што достигнаа брзина од 155 км/ч. Се очекува да стигне до брегот на централен Виетнам во петок наутро, каде што жителите се борат со поплави и рекордни врнежи од дожд веќе една недела.
Повеќе од 50 летови се откажани или пренасочени поради пристигнувањето на бурата. Тајланд исто така се подготвува за бурата, а локалните власти предупредуваат на можни ненадејни поплави и лизгање на земјиштето.













