Јанис и Шеј лидери во победите на Милвоки и Оклахома, Голден Стејт доби уште едно дерби

Дерби

29/10/2025

10:45

116

Големина на фонт

а а а

НБА програмата продолжи со пет натпревари рано утрово, а најдоброто беше оставено за крај, бидејќи гледавме нова дерби пресметка, овојпат меѓу Голден Стејт и Лос Анџелес Клиперс.

„Воините“ добија и трето дерби од почетокот на сезоната и покажуваат дека се во добар ритам, откако во својата низа го нанижаа Клиперс.

По триумфите над Лејкерс и Денвер, избраниците на Стив Кер беа расположени и против Клиперси, и тоа во меч кој понуди доста помалку поени од вообичаеното.

Голден Стејт славеше со 98:79, а лидери беа Батлер со 21 поен и Кари со 19 поени зад своето име. Од останатите натпревари, за издвојување се и победите на Милвоки и Оклахома, и тоа во натпревари во кои доминираа главните ѕвезди.

Јанис Адетокумбо уфрли 37 поени во победата од 121:111 над Њујорк, додека Шеј Гилџес Александер броеше до 31 против Сакраменто во триумфот од 107:101.