Синер се предаде: Тоа е невозможно…

Дерби

28/10/2025

13:22

339

Големина на фонт

а а а

Јаник Синер има уште една одлична година на тениски план, меѓутоа иако освојуваше грен слем титули, значајни турнири, тој остана без првото место на АТП листата или поточно е зад Карлос Алкарас.

Италијанецот сака да е на врвот, но во моментов има 840 поени минус зад Шпанецот и речиси е невозможно да дојде до првата позиција до крајот на 2025 година.

- Невозможно е оваа сезона. Ќе видиме како ќе оди следната година. Но, дефинитивно е една од моите цели за 2026 година. Резултатите ќе дојдат сами по себе ако продолжам да ги правам вистинските работи“, рече Синер.

Во суштина Алкарас со пласман во финалето во Париз ќе го обезбеди првото место на крајот од сезоната, без разлика што Синер ќе направи.