Герасимовски: Нов парк кај Зелено пазарче, улицата нема да се пробива

Макфакс

26/10/2025

16:01

142

Големина на фонт

а а а

Кандидатот за втор градоначалнички мандат за Центар Горан Герасимовски, најави дека во вториот мандат се почнува со хортикултурно и партерно уредување на потегот од Зеленото пазарче до ул. „Македонија“.

„Поставуваме нова изолација за спречување на течење на вода во подземните гаражи, а целата површина ќе добие нови плочки, зеленило на 2.400 квадратни метри, модерно ЛЕД осветлување и урбана опрема. Поставуваме и нови детски реквизити, кошаркарско игралиште со нова подлога и систем за наводнување. Нема пробивање на нова улица. Просторот ќе биде ограден и разубавен, зелен, достапен и отворен за граѓаните. Рокот за целосно завршување на уредувањето е мај 2026 година. За Центар што го сакаме!“, рече Герасимовски.