Македонски Концепт со поддршка за Орце Ѓорѓиевски: За стабилно и одговорно раководење со Град Скопје

Макфакс

24/10/2025

10:56

134

Големина на фонт

а а а

„Македонски Концепт застанува цврсто зад изборот на Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје. Нашата поддршка е резултат на убедувањето дека Скопје заслужува докажан и компетентен кадар, со јасна визија и професионален пристап во управувањето со главниот град“, велат од Македонски Концепт.

„По години на политички егзибиционизам и импровизација, време е да се стави крај на експериментите со судбината на Скопје. На граѓаните им е потребен стабилен, искусен и проверен градоначалник кој ќе работи за интересите на сите скопјани – без популизам, без партиски калкулации и без лични промоции.

Македонски Концепт верува дека Орце Ѓорѓиевски, како кандидат на нашата коалиција “Твоја Македонија”, е вистинскиот избор за враќање на достоинството, редот и функционалноста во управувањето со Град Скопје. Време е Скопје повторно да стане модерен, уреден и безбеден европски град“, се наведува во соопштението на Македонски Концепт.