[ВИДЕО] Автобус се запали по судир со мотоцикл, десетици мртви во Индија

Макфакс

24/10/2025

09:09

154

Големина на фонт

а а а

Во пожар предизвикан од истекување на гориво по судир помеѓу приватен автобус и мотоцикл на рута помеѓу јужните индиски градови Бангалор и Хајдерабад загинаа најмалку 20 лица, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на официјални лица.

„Од 41 патник, 21 се спасени. Од преостанатите, телата на 11 лица се идентификувани досега“, изјави окружниот службеник А. Сири за новинската агенција АНИ.

Во слична несреќа минатиот месец, 19 лица загинаа во западната држава Раџастан кога се запали приватен автобус, објави Ројтерс.

Агенцијата, исто така, наведува дека, иако Индија е трет по големина пазар на автомобили во светот, таа има едни од најсмртоносните патишта. Околу 180.000 луѓе загинаа во сообраќајни несреќи низ целата земја минатата година.