Белата куќа: Трамп ќе се сретне со кинескиот претседател следниот четврток

Макфакс

24/10/2025

08:14

436

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со кинескиот претседател Кси Џинпинг следниот четврток, соопшти Белата куќа.

Трамп ќе присуствува на билатерален состанок со Кси наутро и ќе се врати во Вашингтон навечер, изјави неговата портпаролка Каролин Ливит.

Трамп и Кси планираа да се сретнат на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Јужна Кореја, кој започнува на 31 октомври, но датумот не е јавно објавен.


Американскиот претседател им изјави на новинарите дека верува оти разговорите ќе доведат до договор во трговскиот спор меѓу двете суперсили. Сепак, тој нагласи дека доколку не се постигне договор, САД ќе воведат дополнителни тарифи од 100 проценти за кинескиот увоз од 1 ноември, објави ДПА.