Највисоките дневни температури ќе се движат во интервалот од 14 до 20 Целзиусови степени
Во понеделник на територијата на Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура се движи од 1 степен на повисоките места на истокот и западот од земјата, околу 4 во централните делови до 8 степени на југот. Соодветно, највисоките дневни ќе се движат во интервалот од 14 до 20 Целзиусови степени.
Во Скопје и Скопската котлина денеска, исто така, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се искачи до 18 степени.