Николоски: Преку 9 милиони евра поддршка од Владата за Гостивар за реконструкција и изградба за улици

Макфакс

15/10/2025

12:52

119

Големина на фонт

а а а

Од Владата имаме директна подршка за општина Гостивар од некаде 540 милиони денари или над 9 милиони евра за улици во општината во рамки на двата повици, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Гостивар.

Тој заедно со министерот за здравство Азир Алиу извршија увид во инфраструктурни проекти што се реализираат со подршка на Владата.

“Драго ми е што проектот за подршка на локaлната самоуправа се одвива одлично и драго ми е што можам да кажам дека имаме сериозна подршка за општина Гостивар. Имено во првиот повик кој се реализираше минатaта година, вкупната подршка е 160 милиони денари за транспорт, дел од таа подршка е и оваа улица Мара Угринова која дел е завршена, дел се работи. Исто така во вториот повик имаме 39 улици или подршка од 380 милиони денари или заедно имаме подршка од некаде 540 милиони денари или над 9 милиони евра, директна подршка за општина Гостивар. Дополнително сакам да најавам дека по завршување на локaлните избори и извесната победа на кандидатот од ВЛЕН- нашиот коалиционен партнер, за општина Гостивар ќе има специјална програма која ќе оди преку Министерството за транспорт за реализација на проекти кои се подготвени веднаш да ги реализираме”, изјави вицепремиерот Николоски.