Лескот: Со него Арсенал не може да ја освои титулата во Премиер лигата

Дерби

14/10/2025

13:22

344

Големина на фонт

а а а

Арсенал е тимот со најдобар почеток на сезоната во Премиер лигата или поточно со 16 бода е на врвот на табелата по седум одиграни кола.

Ова е позицијата која „топчиите“ ја посакуваат, сакаат да бидат и по 38. коло, но за да се оствари тоа сценарио ќе мора да бидат најдобри во овој маратон.

„Топчиите“ неколгу години во низа беа вицешампиони и многумина сметата дека оваа кампања може да биде нивна особено по потписот на напаѓачот Виктор Ѓокереш. Швеѓанецот се растури од голови во Спортинг, го привлече вниманието, а Арсенал беше најбрз, најконкретен и го доведе во Лондон.

Меѓутоа Англија е една приказна, Португалија е друга приказна, има голема разлика меѓу Арсенал и Спортинг, притисокот, квалитетот, натпреварувањата и засега тешко му оди на Виктор кога се во прашање головите (3 на 10 натпревари) иако постојано работи, се труди да и помогне на екипата. Има критики на негова адреса, менаџерот Артета сосема очекувано застана во негова одбрана, но некогашниот англиски репрезентативец Џолеаон Лескот се сомнева дека Арсенал со ваков напаѓач може да ја врати лигашката титула во своите витрини.

- Би го опишал Виктор Ѓокереш како „добар“. Ако сакате да ја освоите лигата, вашиот напаѓач не може да биде добар, тој мора да биде врвен. Не мислам дека Микел Артета може да го доведе Арсенал до целта во Премиер лигата. Но, во Лигата на шампионите е поинаку.

- Со начинот на кој ротира и поради таа голема разлика [пред нокаут фазата], никој не знае во каква форма или физичка подготвеност ќе бидат тимовите. Тоа му одговара на Арсенал повеќе отколку да мора да биде постојано добар секоја недела за да ја освои лигата, - порача Лескот кој во кариерата се радуваше на два пехари во ПЛ.