Казорла: Немам врска со отказот што го доби Пауновиќ

Макфакс

14/10/2025

11:55

158

Големина на фонт

а а а

Легендарниот шпански фудбалер Санти Казорла беше принуден да ги негира написите дека влијаел врз отпуштањето на Вељко Пауновиќ.

Казорла одговори по обвинувањата на социјалните мрежи, каде што откри дека веста за отпуштањето на Пауновиќ е шокантна за него.

„Јас сум професионалец 22 години, а можете да ги прашате сите претседатели, спортски директори и тренери со кои сум соработувал. Никогаш немав никаква врска со одлуките на клубот за отпуштање на тренер“, рече Казорла на прес-конференцијата.

„Не можам да дозволам мојот имиџ да биде нарушен, бидејќи секогаш се обидував да придонесам на секој начин.“

Потоа ја искористи можноста да му се заблагодари на српскиот тренер за сè што направи за Овиедо.

„Би сакал да му се заблагодарам на Пауновиќ за неговата работа. Имаме одличен однос и вчера разговарав лично со него. Сакам да му се заблагодарам нему и на неговиот стручен штаб за сè што постигнавме. Тие засекогаш станаа дел од историјата на овој клуб“, нагласи Казорла.

Пауновиќ минатата сезона, по пауза од 24 години го врати Овиедо во елитниот ранг на шпанскиот фудбал. Доби отказ откако забележа две победи во првиоте осум рунди во новата сезона.