Хрватската инфлуенсерка Вана Бојовиќ покажала како изгледа евтиниот стан што го изнајмила за време на престојот во Кина и го оставила целиот регион во неверување.
Имено, Вана изнајмила трособен стан со прекрасен поглед во Чонгкинг за 19 долари по ноќевање, односно нешто повеќе од 16 евра.
Исто така, таа навела и некои други цени кои ја пречекале таму.
„За разлика од многу други дестинации, во Кина се чувствува одличен однос меѓу цената и квалитетот. Возењата со такси чинат околу 5 евра, локалните оброци по 3-4 евра, западњачките оброци по 10, влезницата за една од најголемите светски знаменитости – Кинескиот ѕид, чини 16 евра со превоз, а сместување за околу 20 евра има колку што сакате“, објасни таа, додавајќи дека „само Пекинг беше нешто поскап кога станува збор за сместување“.
Станот кој го покажала се наоѓал на 29-ти кат, простран е и светол, а погледот особено ја воодушевил.
„Има дури и машина за перење, четки за заби, паста. Сè добивате. Што мислите вие за ова? Трособен стан, дневната соба е океј, а двете спални можат да сместат четири лица — за 19 долари. Односот меѓу цената и квалитетот во Кина е фантастичен“, заклучила таа.
Во коментарите, многумина се обиделе да направат споредба со цените за изнајмување станови на Балканот.
„Значи, месечно околу 500 евра – поевтино отколку кај нас за шупа од 10 квадрати“; „Кај нас 300 евра гаража без вода“, се редат коментарите.
А Вана покажала и како изгледа сместување од 150 долари во истиот град, во хотел кој важи за еден од „најинстаграмабилните“ – погледнете што значи тоа.