Белами: Велс е во иста позиција со Белгија и Македонија

Дерби

13/10/2025

14:27

602

Големина на фонт

а а а

Денеска се играат два нови натпревари од нашата група, мечеви на кои ние се надеваме на резултати со кои ќе бидеме поблиску до сонот, пласман на Светското првенство во 2026 година.

Македонија е домаќин на Казахстан во натпреварот кој мора да го добиеме и да останеме на врвот на табелата, но во исто време со големо внимание ќе ја проследиме битката во Кардиф меѓу Велс и Белгија закажана за истиот термин од 20:45 часот.

Предводникот на Велшаните, Крег Белами смета дека тие заедно со Македонија и Белгија се во иста ситуација, позиција во битката за мундијалот.

- Убавиот дел од оваа група сега е што ни остануваат уште три натпревари и ако ги добиеме сите три ќе бидеме на првото место. Исто важи за Белгија и за Македонија. Само треба да го прифатите и да уживате. Играме дома, полн стадион, само треба да уживаме во секоја секунда од него.

- Верувам дека секогаш доаѓа посебен момент. Играчите биле во ваква ситуација толку многу пати во последните 10 години, особено во ноќите во Кардиф. Кога сме успеале да се квалификуваме, тоа било тука. Публиката е навикната на оваа атмосфера и на овие моменти, - порача Белами.

Македонија е лидер во групата Ј со 12 бода, еден повеќе од Белгија и два од Велс, но и со натпревар повеќе во однос на овие две селекции.