Ибрахимовиќ откри зошто Милан го доведе Модриќ: Тој е мајстор…

Дерби

13/10/2025

13:58

541

Големина на фонт

а а а

Калчолигашот Милан се одлучи да направи доста промени во играчкиот кадар за оваа сезона, а еден од играчите кој пристигна е ветеранот Лука Модриќ.

Модриќ ја заврши епизодата во Реал Мадрид и многумина очекуваа негов нареден потег да биде преселба во САД, Саудиска Арабија…но тој се одлучи да остане на најголемата сцена и да продолжи да игра во една од најдобрите лиги на стариот континент.

Лука експресно се наметна и веднаш стана лидер и надвор од теренот кај „росонерите“ иако тука е само неколку месеци. Тој на седум натпревари има 1 гол и 1 асистенции, меѓутоа неговото присуство на зелениот тепих е непроценливо за состав како Милан кој не игра во Европа во тековнава сезона и ќе биде интересно да се види што ќе може да направи на домашната сцена.

- Тој е мајстор. Тој не игра фудбал, тој е фудбал. Неговата кариера е неверојатна. Прво го избравме тренерот, а потоа разговаравме за Модриќ. Анчелоти ни кажа дека минатата сезона тој бил единствениот играч кој никогаш не се повредил. Тој има неверојатна страст. Да играв со него, ќе ми ја продолжеше кариерата за две години. Надвор од теренот, тој им дава енергија и мотивација на сите околу него, - истакна Златан Ибрахимовиќ за Хрватот.