Мичико Томиока не е само нутриционистка, таа е мостот меѓу два света. Нејзиниот живот ја спојува Јапонија, каде почитта кон телото и храната се усвојува од детството и Западот каде оброците често се сведуваат на брзината, пакувањето и маркетингот.
Родена во традиционално јапонско семејство, Мичико уште како дете развила посебен однос кон исхраната: Оброкот е налик на медитација каде секоја намирница внимателно се бира, а секое зрно има свое значење.
По преселбата во САД се соочила со целосно различен пристап. На почеток како и многумина, попуштила пред искушенијата и пробала сѐ, но набрзо потоа сфатила дека телото ѝ праќа јасни сигнали на протест.
„Кога дојдов во САД, ги пробав сите популарни јадења, но набрзо потоа ми беше лошо“, признала Мичико.
Зошто Мичико советува да ги избегнуваме следните пет групи намирници за да живееме подолго и поздраво...
1. Преработено месо: хамбургери, хот-дог, сендвичи со колбаси
На Запад брзата храна е насекаде околу нас, како трепкачки реклами кои не можеме да ги заобиколиме. Луѓето јадат од навика, но всушност развиваат зависност, а цената е здравјето.
Колбасите, бургерите и хот-дозите се преполни со транс масти, конзерванси и соли кои на телото му нанесуваат сериозна штета.
2. Брз појадок од кутија: мусли, житарки, гранули
На прв поглед чинија преполна со здрав оброк, но во реалноста тоа е само слатка илузија.
„Прекумерното консумирање шеќер не само што ја загрозува нашата линија туку го зголемува и крвниот притисок, како и воспалителните процеси во телото“, предупредила Мичико.
3. Газирани и диетални пијалаци
Газираните пијалаци делуваат освежително, но во реалноста се – шеќерен отров. Само една до две лименки дневно може да го зголеми ризикот од дијабетес и гојазност.
„Честото консумирање засладени газирани пијалаци значително го зголемува ризикот од дијабетес тип 2“, истакнува Томиока.
4. Крем сирење и полномасни млечни производи
Млечните производи се извор на протеини, калциум и витамин Д, но Мичико смета дека нивното често користење се преценува.
„Се трудам да избегнам крем сирења или маскарпоне поради високото ниво на масти во нив“, објаснува таа.
5. Слатки: карамела, чоколадо, бонбони
Слатките можеби делуваат безопасно, но тие се тивки саботери, незабележливо го влошуваат здравјето.
„Наместо индустриски слатки правам мус со чиа семки и мед, јадам темно чоколадо или замрзнати банани“, открива Мичико.