Казна од 40 евра ако зборувате на телефон додека минувате улица – од утре стапуваат на сила новите сообраќајни правила

Точка

25/09/2025

20:02

748

Големина на фонт

а а а

Од утре граѓаните ќе мора да бидат особено внимателни при преминување на пешачките премини бидејќи на сила стапуваат нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот.

Овие измени предвидуваат казни за користење мобилен телефон и слушалки кај пешаци, велосипедисти и возачи на тротинети.

„Одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност во патниот сообраќај, кои се однесуваат на казни за велосипедисти, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети при користење електронски уреди (слушалки, телефони, таблети итн.), како и казните за пешаци кои користат вакви уреди при преминување улица или велосипедска патека, ќе стапат во сила на осмиот ден од денот на објавување во Службен весник на Република Северна Македонија“, вели портпаролот на МВР, Гоце Андреев.

Казната за премин на пешачки премин со телефон во рака или на уво изнесува 40 евра, а возење тротинет или мотор со користење електронски уред ќе се казнува со 50 евра.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, бидејќи ќе има засилени акции со нулта толеранција кон прекршувањата кои можат да предизвикаат фатални последици.