МВР информира дека вчера бил пријавен напад врз малолетник во двор на средно училиште на подрачјето на Карпош, Скопје.
Според пријавата, околу 13:15 часот неколку малолетници физички го нападнале ученикот, при што бил употребен и тврд предмет. Настанот го пријавил таткото на нападнатиот, К.Р. (40) од Скопје.
Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот