Воздухот во Трубарево вчера и денес во рамки на дозволените граници, покажа мерењето на МЖСП

Макфакс

19/09/2025

12:05

105

Големина на фонт

а а а

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во периодот од 18 септември (11:00 часот) до 19 септември (11:00 часот) биле спроведени индикативни мерења на суспендирани цврсти честички PM₁₀ на мерното место во зоната на Трубарево.

Мерењата се извршени со автоматскиот систем AMBICON RTM–PM, со инструмент ES-642, METONE, USA, сертифициран за индикативни мерења согласно MCERTS, UK.

Резултатите покажале:

Просечна концентрација: 9.8 µg/m³

Максимална измерена вредност: 43.3 µg/m³

Моментална вредност: 8.2 µg/m³

Според добиените податоци, просечните концентрации на PM₁₀ се во рамките на дозволените граници и не е регистрирано надминување на граничните вредности.

Министерството нагласи дека концентрациите се движат во рамките на 24-часовната гранична вредност за заштита на здравјето на луѓето, утврдена со Уредбата за гранични вредности за загадувачки супстанции во амбиентниот воздух („Службен весник на РМ“, бр. 183/17).

Од таму додаваат дека ќе продолжат со редовно следење на квалитетот на воздухот и со навремено информирање на јавноста.