Судот во Стразбур во наредниот период треба да расправа за депонијата во Струга, која го „труе“ градот. Неговата одлука ќе биде пример за домашните судови како да постапуваат во однос на загадувањето, пишува „Дојче Веле“.
„Секоја вечер Струга мириса на запалена депонија! Дишеме отрови, а институциите молчат“, вели струшкиот адвокат и граѓански активист, Глигорие Ќатоски, којшто изминатиот период тропнал на повеќе врати со барање одговор, но и конкретни мерки од институциите во Македонија против загадувањето во градот во којшто живее и работи.
„Поднесовме и писмена пријава во Општина Струга, МВР и Државниот инспекторат за животна средина, со која баравме да се утврди кој е точно изворот на загадувањето – дали е предизвикано од човечки фактор или атмосферски влијанија и кои конкретни мерки се планира да бидат преземени од страна на надлежните“, вели тој за ДВ, потенцирајќи дека жителите во градот на Дрим заслужуваат да дишат чист воздух.
Ова не е прв аларм за загадувањето во градот, каде изминатиот период се бараше чаре или од чадот на дивата депонија, или од палењето на трските, или пак од пожари во планинските места. Граѓаните постојано алармираат, но велат дека наидуваат на ѕид на игнорирање, не само од општината, туку и од надлежните органи, како Министерството за животна средина.
Целиот текст прочитајте го на следниот ЛИНК.