Последните 10 минути кобни за Пелистер – Македонскиот првак загуби од ПСЖ

Макфакс

18/09/2025

22:59

130

Големина на фонт

а а а

Ракометарите на Пелистер доживеаја пораз во Париз, од ПСЖ 33:27 (16:16) во второто коло во Лигата на шампионите.

Пелистер на фаворизираниот противник му пружи сериозен отпор. 50 минути македонскиот првак играше егал со фаворизираниот противник. Последните 10 минути беа кобни за Пелистер, ПСЖ г заклучи натпреварот со серија 7:0.

Во текот на мечот Пелистер имаше минус од четири гола, во првиот дел, но на полувремето резултатот беше изедначен, 16:16.

Играчите на тренерот Рубен Гарабаја, во вториот дел два пати имаа предност од три гола, не успеаја да ја задржат, а се чини дека во финишот немаа сила да го задржат темпото во кое играа 50 минути.

Десниот бек на Франција и ПСЖ, Пранди со 11 гола беше најефикасен на натпреварот,

Шипжак постигна седум гола. Пелистер го предводеа Манасков со пет гола, еден помалку имаше Кузмановски, а Цехте постигна три гола. Во следното коло Пелистер ќе го пречека ГОГ Гудме