Слот: Го победивме Атлетико со нивното оружје

Дерби

18/09/2025

14:22

168

Големина на фонт

а а а

Тимот на Ливерпул ја продолжи одличната серија на резултати или поточно сега има и перфектен старт во Лигата на шампионите.

„Црвените“ имаат перфектни „четири од четири“ во Премиер лигата, додека вчера го добија Атлетико Мадрид со 3-2 во елитното натпреварување. Домаќините дозволија драма и покрај тоа што имаат пеколен старт и експресно поведоа со 2-0, но потоа „душекџиите“ пронајдоа начин и се вратија преку Љоренте за да „пред звукот на сирената“ Ван Дајк реализира и донесе голема радост за англискиот тим на „Енфилд Роуд“.

-Ако сакате да победите тим како Атлетико, кој е познат и има неверојатен менталитет, мора да ги победите и со нивното оружје, а тоа е менталитетот. Мислам дека тоа е она што го покажавме повторно денес, дека можеме да ги победиме и со менталитет. Но, мислам дека требаше да си го олесниме тоа самите на себе, -истакна Арне Слот кој призна дека бил изненаден од подготвеноста на Александер Исак.

-Особено затоа што мислам дека во 60-те минути што ги играше, ми се чинеше дека е доста во форма – па не беше како, по 10 минути, да е веќе многу уморен. Тој можеше да игра на ова ниво доста добро, па тоа беше најпозитивната работа – и тоа што може да игра фудбал, задоволство е да се гледа. Тоа не е изненадување за мене, но можеби беше во подобра форма отколку што очекував.

-Бев позитивно изненаден од неговата физичка подготвеност. Не бев изненаден од квалитетот, но секогаш е убаво да се види кога играчот ќе започне како што започнал. Беше добар почеток, но само 60 минути, -истакна Холанѓанецот.