[ФОТО] Ријана го покажа трудничкото стомаче: Дали со еден детаљ пејачката го откри полот на бебето?

Точка

18/09/2025

14:09

477

Големина на фонт

а а а

Американската музичка ѕвезда Ријана позираше за новото издание на магазинот „HommeGirls“, истакнувајќи го трудничкото стомаче, а многу од нејзините обожаватели сметаат дека таа очекува девојче.

Фотографирана е во неколку модни изданија - во фустани, тренерки, маици и панталони, здолниште, во палто... Нејзиниот изглед го осмисли стилистката Стела Гринспан, која изјави дека ѝ била голема чест да соработува со Ријана.

„‘HommeGirls’, 14-то издание заедно со мојата модна икона (fashion killa)“, навела Ријана во описот на фотографиите. Токму поради оваа нејзина реченица, обожавателите мислат дека таа открила дека ќе стане мајка на девојче.


Пејачката во неколку наврати истакна дека една од нејзините најголеми желби е да има девојче. Со АСАП Роки има два сина: тригодишниот РЗА и двегодишниот Рајот Роуз.

„Дали ова значи дека конечно ќе ти се оствари сонот?“, „Fenty девојка?“, „Конечно!“, се дел од коментарите на нејзиниот профил на Инстаграм.


На неодамнешното прашање како РЗА и Рајот реагирале на веста дека наскоро во семејството ќе пристигне нов член, Ријана рече дека се воодушевени и се насмеала. Новинарите биле заинтересирани дали очекува девојче.

„Ќе мора да почекате и да видите“, рече таа, а подоцна додаде дека отсекогаш сакала да има девојче. Откри дека и името на нејзиното трето дете ќе започнува со буквата Р и дека веќе тоа станало традиција.