Лучо експериментира: Енрике на посебен начин го водеше ПСЖ во Лига 1

Дерби

16/09/2025

13:21

142

Големина на фонт

а а а

Пари Сен Жермен рутински ја одработи домашната задача против Ленс во Лига 1, оствари победа од 2-0 по што сега има четири од четири во францускиот шампионат.

Тренерот Луис Енрике се одлучи овој меч да го води на посебен начин, од две перспективи, па така наместо да седи на клупата тој првото полувреме го испрати од новинарската ложа.

Во второто се врати на стандардната позиција, а по мечот даде и објаснување за ваквиот потег.

- Долго време ги гледав рагби тренерите како анализираат натпревари од сосема поинаква перспектива. Ми се допаѓа можноста за подобрување на работите на тој начин. Сакав да го гледам првото полувреме од трибините и е одлично. Поинакво е. Можам сè да контролирам.

- Тоа е интересна опција што ќе ја користам во иднина. После тоа, можете да одржите совршен говор на полувреме бидејќи јасно можете да видите кој играл добро на теренот. Имаме многу директни информации, - порача Лучо.