Робертсон застана во одбрана на летното засилување на Ливерпул: Ова е голем скок за него…

Дерби

16/09/2025

11:21

118

Големина на фонт

а а а

Ливерпул има перфектни четири од четири во Премиер лигата и на врвот на табелата како единствена екипа со максимален учинок.

Меѓутоа и покрај овие резултати, „црвените“ покажуваат одредени слабости во играта, некои играчи се уште не се на осакуваното ниво, ама засега сите тие „минуси“ се покриени со победи.

На последниот меч против Барнли не се прослави левиот век Милош Керкез кој беше заменет уште во првото полувреме од страна на менаџерот Арне Слот. Тој прво заработи жолт картон поради обид да изнуди пенал, па направи и еден фаул по што Слот се реши да не ризикува и го повлече од игра, а на негово место влезе искусниот Енди Робертсон.

Токму Енди застана во одбрана на Унгарецот со српски корени барајќи трпение затоа што верува дека ќе биде топ засилување за клубот.

- Ова е огромен скок. Јас дојдов од Хал, тој дојде од Борнмут и веројатно е доста слично. Има многу повеќе очи кон тебе во дресот на Ливерпул отколку во тие два клуба. Тој [Керкез] добро се трансформираше. Има многу информации и многу различни начини на игра и тој само треба да продолжи и да ја задржи самодовербата. Не се сомневам дека во иднина ќе биде фантастичен лев бек за Ливерпул и тоа е главната работа.

- Тој е само млад и мислам дека го забораваме тоа. Се обидуваш да им помогнеш колку што можеш, но сакаш да вршиш притисок врз нив и сакаш да играш натпревари. Тој ќе биде стартер на позицијата лев бек за Ливерпул во иднина и од мене зависи да го туркам оваа сезона и да му помогнам да се подобри. Само треба да продолжи да работи напорно и да не дозволи денешниот ден да влијае на него, што нема да се случи бидејќи е самоуверен човек, а јас ќе му помогнам колку што можам, - заврши Енди.