Линекер загрижен за младата ѕвезда на Јунајтед: Не знам дали има нешто за што не знаеме…

Дерби

16/09/2025

11:17

114

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед не се прослави во градското соочување со Манчестер Сити и претрпе пораз од 3-0, пораз број два во четвртиот сезонски натпревар во Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ го загубија првото сезонско дерби против Арсенал без исто да постигнат гол, а минатиов викенд слично сценарио доживаа и против „граѓаните“.

Тешко му оди на менаџерот Рубен Аморим да го извлече, извади најдоброто, се повеќе ја губи и јавноста, трпението од навивачите. Една од причините за тоа е што не сака да направи никави промени и го форсира системот кој не дава резултати, плус некои играчи не добиваат и соодветна шанса да покажат што знаат и умеат.

Еден од нив е Коби Мејну, играчот кој во ниту еден досегашен натпревар не беше стартер за Јунајтед во ПЛ, но беше одбиено неговото барање да си замине од клубот во текот на летниот преоден рок и тоа на позајмица.

Гери Линекер смета дека Мејну заслужува подобар третман и шанса од тренерот Аморим кој беше тој што инсистираше младиот Англичанец да остане на „Олд Трафорд“.

- Не мислам дека сега ќе го промени својот систем. Досега беше многу тврдоглав, зошто сега да се менува? Навистина ме загрижува начинот на кој Коби Мејну е некако отфрлен. Толку неверојатен, млад талент, локално момче кое исто така се снаоѓа навистина добро. Мислам дека кога влезе, се снајде навистина добро. Не разбирам, не знам дали има нешто за што не знаеме, но малку ме збунува, - истакна Линекер.