Пред да се осмели да зборува за било кое прашање, Венко Филипче е должен јавно да објасни зошто за модуларната болница, наместо Министерството за локална самоуправа кое требало да ја спроведе постапката, токму тој лично го презеде и реализираше тендерот?, преку соопштение до медиумите прашаа попладнево од партијата ВМРО-ДПМНЕ.
„Зошто министерот за локална одбил да го потпише договорот и да ја спроведе процедурата што му ја наметнувале тој и Зоран Заев? Зошто тогаш постапката ја презел и ја туркал токму Филипче?
Сè додека не даде јасен и издржан одговор на ова прашање, Филипче нема никаков кредибилитет да зборува за било што. Вакви прашања до него има уште многу – и секое од нив го открива вистинското лице на „неврохирургот“ кој сака да ужива на јахти, а кој со причина е заложник на семејството од Струмица. Толку од нашиот одговор“ стои во соопштението.