Аморим: Нема да ја сменам мојата филозофија, ако сакаат промена тогаш…

Дерби

15/09/2025

12:52

179

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед го претрпе вториот сезонски пораз во Премиер лигата и тоа од градскиот ривал Сити кој го доби на „Итихад“ со 3-0.

Ова е уште еден болен резултат на „црвените ѓаволи“, но и потврда дека нешто не функционира и дека менаџерот Рубен Аморим не може да го извади најдоброто од оваа екипа. Португалецот има остварено само 8 победи на 31 натпревар во Премиер лигата, ама без разлика на учинокот тој останува тврдоглав и нема намера да ја менува формацијата и филозофијата.

- Нема да ја сменам мојата филозофија. Ако тие (управата) сакаат промени, сменете го човекот. Немам намера да ја менувам мојата филозофија. Ќе играм на свој начин сè додека не сакам да се променам. Момци, ги разбирам [прашањата] и прифаќам дека ова не е учинок што треба да го имате во Манчестер Јунајтед. Но, има многу работи за кои немате поим што се случија во последните месеци.

- Сè разбирам. Нормално е [ако навивачите губат доверба], но не прифаќам дека не сме подобри. Напредуваме и резултатите не го покажуваат тоа, учинокот кажува сè, разбирам. Мојата порака е дека ќе направам сè. Ќе дадам сè. Останатото не е моја одлука. Ќе дадам сè од себе. Јас страдам повеќе од навивачите, - истакна Аморим.

Следниот меч за Јунајтед е против Челси на „Олд Трафорд“.